Се полил со бензин и се заканувал дека ќе се самоубие - драма во Ниш

Зоран Цекиќ сопственик на фирмата за производство на мебел „Еуростил“ се качил на кровот на производствениот погон во близина на Ниш, се полил со бензин и се заканува дека ќе се самозапали. Причина за овој потег е тоа што државната инспекција сакала да го сруши производствениот погон бидејќи е изграден без дозвола.

Застапникот на Цекиќ, како што пенесуваат српските медиуми,  истакнал дека тој има поднесено барање за легализација и дека урбанистички план за тој дел не постои, а со тоа не постои ни основа за рушење.

Моментално на местото каде се одвива драмата се наоѓаат полиција и пожарникари.

 

13.10.2014 - 12:41


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега