Се гради патот Никуљане-Челопек

 
Започнаа активностите за изградба на патот помеѓу селата Никуљане и Челопек, информираат од општина Старо Нагоричане. Надлежните од општината посочија дека е завршена тендерската постапка и избрана е фирма која ќе го гради патот во должина од 2,9 километри.
 
- Наскоро се очекува да започнат градежните работи за изградба на локалниот пат.Средствата за овој локален патен правец одоборени се од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и рурален развој. Еден дел од средствата обезбедени се и од буџетот на општина Старо  Нагоричане, информира портпаролот на општината, Давор Арсиќ.
 
Вкупната  вредност на проектот  е 16 милиони денари.
 
- Со изградба на овој локален пат жителите на оваа општина имаат повеќе бенефити како што е олеснување на движење на луѓето помеѓу двете села,но и воопшто во самата општина,скратување на трошоците, полесна фрекфенција  на населението и поврзување на околните села, вели Арсиќ.
 
Градежните активности најавија од општината се очекува да завршат до крајот на годинава. 
13.10.2014 - 12:31
Фото: 
либертас


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега