Жерновски го победи Тодоровиќ со 3051 глас разлика

Андреј Жерновски и официјално е нов градоначлник на општина Центар. Државната изборна комисија целосно ги обработи 29те избирачки места во кои се прегласуваше вториот круг во општина Центар. Според целосно пребројаните гласови, Жерновски го победи Тодоровиќ со 3051 глас разлика. За него заедно со вториот круг гласале вкупно 15061 гласач наспроти 12010 гласачи кои го поддржале Владимир Тодоровиќ