Метеор падна во Јадранско море, се стресе Италија и Истра

Метеорот во земјината атмосфера влетал со брзина од најмалку 40 км на час; експлодирал на висина од 67 км, за потоа да експлодира уште четири пати и да згасне

Силен удар се почувствувал на Истра, но посилно се почувствувало на италијанскиот брег. Хрватските медиуми го пренесуваат астрономот Корадо корлевиќ, кој пренесува очевидци од Пореч. Сепак ниту по година дена интензиво барање, нема ниту трага од метеоритот тежок околу 20 килограми.

Експлозијата ја потресла северна Италија, а метеорот паднал во хрватските води на Јадран, на неколку километри одалеченост од Умаг. По влезот во атмосферата, прв пат експлодира на 67 километри, а се изгасил на 35 километри над земјата. сепак, астрономските камери не успеале да го снимат последниот стадиум од падот на метеоритот бидејќи влетал точно во регионот меѓу две камери, па не се знае точното место на падот.

Метеорити паѓале и во околината на Пула, Пореч и Умаг, посочуваат хрватските медииуми.

11.10.2014 - 22:47


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега