Српското малцинство во Хрватска би можело да исчезне

Припадниците на српското малцинство стравуваат дека нивната национална заедница наскоро би можела сосема да исчезне во Хрватска, покажува ново истражување на Институтот за миграција и народност, објавено во списанието „Политичка мисла“.

Испитаниците биле главно песимистични кога се работи за иднината на Србите во Хрватска. Тие изјавиле оти се плашат од изумирање, асимилација, етномимикрија, пренесе Танјуг.

Истражувањето ги анализирало традиционалните и модерните елементи на српскиот идентитет во Хрватска. Како традиционални елементи се земени православната вера, кириличното писмо, додека како модерни елементи јазикот и книжевноста, граѓанските, социјалните и политичките вредности. 

11.10.2014 - 15:09


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега