„Ми го убија бебето на породување" - нов хорор ја потресе Србија

Две бабици ми го стискаа стомакот за бебето да излезе побрзо. Кога бебето беше извлечено на сила имаше хематом на главата, модар врат и модринки по целото тело. Велеа дека ме губат и неколку пати ми даваа кислород. Неколку пати загубив свест. Беше ужасно. Вака за српскиот Курир 21-годишната Тамара Станковиќ од Србија чие новороденче починало поради грешка на баббиците, ја раскажува својата страотна приказна.

Драмата се одвиицала на 3 октомври наутро, по четири часот на Гинеколошко-акушерската болница во Алексинац.

Претходно, младата мајка 22 часа ја држеле под контрола. На сила и го дупнале водењакот, ја измачиле и неа и бебето, а потоа и покажале дека е мртво. Не можела да гледа но вели дека ја натерале. Бебето било тешко 3,390 килограми и долго 54 сантиметри.

По смртта на бебето е наредена обдукција. Се уште се чека на резултатите.

11.10.2014 - 10:48


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега