"Историската и вековна борба ни дава мотив да продолжиме напред" - честитка од Вељаноски
Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски во свое и во име на пратениците им го честита на макеоднските граѓани празникот 11 Октомври - Денот на народното востание.
- Овој датум е длабоко втемелен во нашата колективна свест, како празник на нашата држава и нација и ден кога уште еднаш потврдуваме дека сме цврсто насочени кон создавање на слободна и независна Македонија. Македонските борци се жртвата, но и доказ дека овој народ непоколебливо се бори за надминувањето на сите обиди за изчезнување на македонскиот национален идентитет. Во таа херојска и безрезервна борба загинаа многу херои, но не згасна нивното дело и цел - еден ден нивните поколенија да живеат во слободна и суверена Република Македонија, пишува во честитката на Вељаноски.
- Нашата историска и вековна борба ни дава мотив да продлжиме кон градењето на просперитетна и модерна држава, во која сите граѓани без разлика на вера, јазик и култура ќе живеат сплотено и обединето, градејќи ја Република Македонија во држава на која ќе сме горди ние и генерациите што ќе следат, стои во честитката на претседателот ан Собранието.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа