Борисов сака широка коалициона влада

Поранешниот премиер Бојко Борисов чија партија Граѓани за европска бугарија (ГЕРБ) е победник на минатонеделните предвремени парламентарни избори изјави во петокот дека сака да формира мнозинска влада, со што укажува дека ја променил тактиката откако изборните резултати покажаа разединетост на бугарската политичка сцена поради што може да остане без премиерската функција.

Бојко Борисов, кој во период од 2009 до 2013 година беше премиер и се повлече под притисок на масовните протести, во почетокот најавуваше подготвеност да предводи и малцинска влада, откако неговата партија на десниот центар ГЕРБ освои речиси две третини од вкупниот број пратенички мандати, но со 37 пратеници помалку од мнозинството од половина.

Сега, пак, Борисов тврди дека само мнозинска влада може да ја осигури стабилноста во најсиромашната земја членка на Европската унија, којашто следната ќе биде петта во последните две години.

„Доколку се формира влада, одговорноста треба да се сподели. Поддршка без учество во власта за мене не е поддршка. Тоа значи дека веќе следната седмица можат да измислат некоја причина и да ја повлечат својата поддршка“, изјави Борисов на прес-конференција во Софија, но без дополнително да објасни зошто го променил ставот.

10.10.2014 - 20:24


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега