Крвава недела во Велес: Го убил синот па си пукал во глава

Го убил сопствениот син па сам си пресудил. Попладнево околу 12:20 часот, пукотници ги вознемирија жителите на велешко Горно Оризари. Како што дознава Press24 од полициски извори, 60 годишниот Мујо С. од истоименото село со пиштол кој го поседувал со дозвола најпрво го убил својот син Сеад (36) а потоа пукал во во својот сосед Мехо Л. (62) по што се застрелал во главата. Соседот со прострелна рана е префрлен во велешката болница и е надвор од животна опасност. Синот Сеад починал на лице место, додека Мујо, им подлегнал на повредите на патот кон болница. Од полцијата ја потврдуваат ова информација. Велат дека нивни екипи веќе се на терен и дек увидот трае. Според информациите од МВР, од лице место се подигнати чаури и пиштол со калибар 7,62 милиметри кои дополнително ќе се вештачат.

најчитано сега