Четири пива неделно ја уништуваат спермата

Можеби бевте убедени дека по некоја чаша пиво не може да влијае негативно на здравјето, но изгледа дека само 4 пива неделно може да нанесат голема штета кај мажите.

Истражувањето спроведено на здрави момци кои пијат нешто повеќе од 3 пива неделно, покажало дека дури и таа мала количина влијае на квалитетот на спермата.

Според резултатите од истражувањето мажите кои внесуваат повеќе од 7,5 единици алкохол неделно имаат послаба сперма. А, затоа што пивото има околу 2,7 единици алкохол, со 4 испиени чаши ја преминувате границата.

Секако, оштетувањето на спермата се зголемува право пропорционално со количината на алкохолот, велат данските истражувачи.

Лицата кои учествувале во ова истражување во просек пиеле по околу 16 единици алкохол неделно, што е околу 1 пиво дневно.

Колку повеќе пиеле, нивниот организам произведувал помалку сперма, чиј квалитет бил драстично намален.

 

09.10.2014 - 17:21


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега