Ферус: Во сексот сум како пушка - ама жена ми не сака

Кралот на ромската музика Ферус Мустафов (65) живее и работи под полна пареа. Тој вели дека е неуморен, и во приватниот живот и професионално.
 
Има време максимално да  се посвети на сопругата Елена, па дури е подготвен уште еднаш да стане татко. 
 
„Сакам. Јас сакам второ дете, по можност да биде машко. Ама жената не сака. Постојано  се караме на таа тема.  Ми вика дека ова сега што го имаме едвај го чувала, а не, пак, и второ да чува. А би било прекрасно нашата тригодишната ќеркичка Мелек да си има братче. А зошто да не. Јас сексуално сум активен. Како момче сум. Како пушка сум. Ама жена ми не можела да чува две деца", вели тој за Вест. 
 
Ферус, кој веќе има син од првиот брак, сака уште еден наследник, и верува дека тој ќе ја сака музиката и ќе биде талентиран на него. Но и покрај тоа, Ферус не е сигурен дека некој ќе успее да го надмине неговиот талент. Според него, ќе се родат многу талентирани деца, ќе има многу негови  наследници, но никој нема да биде како него. 
 
„Верувам дека ќе има многу наследници, но не верувам дека ќе го постигнат она што јас го направив во мојата кариера. Денешните млади повеќе го копираат она што јас сум го работел, ме копираат мене, место да создаваат свој имиџ. Има повеќе млади саксофонисти кои добро свират. Како мои наследници го гледам Демир Али Агушев, кој е саксофонист, потоа мојот ученик Џафер, и Демиров, мојот внук, а има и уште многу други напредни инструменталисти. Меѓутоа, за да бидат како Ферус, треба многу труд. Јас многу дадов во животот за да стигнам до ова ниво. Ние имаме врвни музичари, но лошо е што постои голема љубомора меѓу луѓето. Секогаш се гледа да се девалвира работата на другиот, наместо да ги цениме и форсираме оние што вредат. Затоа и не можеме да успееме", вели Ферус.
09.10.2014 - 15:27


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега