СДСМ смета дека судиите не смеат да се апсат

Социјалдемократите преку артискиот портпарол денеска на прес конференција излегоа со став дека судиите во Македонија не смеат да бидат апсени, без разлика што полцијата за нив има сомнение дека сториле кривично дело.

„Според Уставот, Судот за прекршоци е дел од независна судска власт, а не одделение во МВР, па полицијата да апси вработени! Гордана Јанкулоска и МВР требало да се обратат до претседателот на Судот или до Републичкиот судски совет. Тие се должни да вршат надзор врз работата на судиите и нивната ажурност. Така е во нормални демократски држави. Републичкиот судски совет, судиите, а особено Врховниот суд имаат должност кон граѓаните да го кренат својот глас против овој најнов упад во поделбата на власта и во судството, што го направи власта на Никола Груевски.“ - рече денеска Шилегов.

Ова не е прв пат опозициската СДСМ да стои во одбрана на евентуални незаконски дејствија. Тие реагираат на речи си сите полициски акции, без разлика што најголемиот дел од нив завршуваа со осудителни пресуди. Последен пат опозицискиот лидер Заев на телевизијата на албанското малцинство АлсатМ рече дека судот престрого ги казнил оние кои кршеа, дивееа низ градот и повредија десетици полицајци во протестите за случајот Монструм

 

09.10.2014 - 15:10


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега