Овој дечко преку Фејсбук станал милионер

21-годишниот Бен Кардвел пред само една година работел на бензинска пумпа и ги подготвувал мастер студиите, а денес има компанија за електронска трговија на Фејсбук. Од декември минатата година продал стока во вкупен износ од милион долари.

Работата на пумпата некогаш била многу интересна (во една прилика дури и и помогнал на полицијата да уапси криминалец), но често морал да работи за празниците. Му нуделе унапредување, но тој одбивал, бидејќи сакал да се посвети на студиите.

Младите луѓе кои ги обучувал подоцна станувале негови шефови.Во овие околности Бен почнал да размислува за тоа на кој друг начин би можел да дојде до пари.

Почнал да продава облека и електронски уреди на новозеландската интернет берза TradeMe.Работата слабо одела, па покренал Фејсбук страница на која на пријателите им ја покажувал облеката. Но ниту по тоа работата не одела најдобро.Потоа му се јавил човек кој работел на Фејсбук. Му дал совет да проба да се огласува на сајтот и му дал ваучер од 50 долари.

Таа ноќ, Кардвел ја продал робата во вредност од 800 долари и знаел дека ќе успее.

Сајтот го добил името Deal Man: „a global fashion deals website from New Zealand, specializinb in menswear“ (сајт од Нов Зеланд специјализиран за машка мода).

Почнал секојдневно да објавува фотографии од своите производи и набрзо, без да купува огласи, стекнал повеќе од 100.000 фанови и месечно продавал роба во вредност од 100.000 долари.Неговата стратегија била да го зголеми бројот на „лајковите“ на сајтот, постирајќи фотографии само во Индија или Мексико.

 

 

Потоа постирал фотографии во САД, Нов Зеланд и Канада. Поради бројните фанови на неговиот сајт, Фејсбук дал приоритет на неговите страници на побогатите пазари. Робата се продавала како луда.

И навистина, работата одлично му тргнала, па ги напуштил студиите и работата на бензинската пумпа. Потоа бројот на луѓето кои го посетувале неговиот сајт драстично се намалил. Продажбата опаднала. Она што Кардвел не го знаел е дека Фејсбук во меѓувреме го променил „њуз фид“ алгоритмот.

Кон крајот на 2013-та, Фејсбук одлучил дека корисниците на својот „њуз фид“не сакаат да гледаат толку голем број огласи од „фан страниците“. Одлучено е трговците кои користат „њуз фид“ како маркетиншки канал мораат да купат оглас.

 

Кардвел бил очеан, наоѓал разни опции за на Божик во 2013-та да сфати дека мора да купи оглас.Работата повторно процветала. Од 13-ти декември продал облека во вредност од 1.1 милион долари. Не е лошо за поранешен пумпаџија

Извор: Денешен

09.10.2014 - 14:39


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега