ВИДЕО: 29-годишна девојка реши да умре на 1. ноември

Британи Мејнард само што наполни 29 кога и беше дијагностициран рак на мозокот во јануари. Првите прогнози од докторите биле дека и остануваат пет до десет години живот, но по 70 дена таа добила уште полоши вести. Докторите приметиле дека нејзиниот тумор прераснал во агресивна форма на рак наречена glioblastoma multiforme, а новите прогнози кажале дека и остануваат уште само шест месеци живот.

За да го промени тоа, таа решила да се пресели со семејството во Портланд, Орегон, каде ќе може да го искористи тамошниот закон со кој на тешко болните пациенти им е дозволено да изберат таканаречена „достоинствена смрт“. Со овој закон им се дозволува на ментално стабилни личности кои се терминално болни со помалку од шест месеци живот, да си го одземат животот со лекови препишани од доктор.

- Ни една клетка во моето тело не е самоубиствена. Не сакам да умрам, но не сакам ни да ги живеам последните неколку месеци од мојот живот во неподнослива болка. Се надевам дека ќе уживам во последните денови од мојот живот и ќе ги поминам со луѓето кои ги сакам. Се надевам дека ќе умрам во мир“, изјавила Мејнард 

На 6.окотомври 29-годишната Британи решила да започне кампања со цел да ја подигне свеста со големата потреба за достоинствена смрт. 

 

 

09.10.2014 - 14:28


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега