Колку поскап веренички прстен- толку пократок брак

Познато е дека дијамантите се вечни, но сепак тие не се и гаранција дека бракот ќе трае вечно ако се наоѓаат на вереничкиот прстен.

Според едно американско истражување во кое ушествувале 3.000 возрасни Американци, партнерите кои потрошиле повеќе пари на вереничкиот прстен имале пократок брак.

Кај мажите кои потрошиле на прстен измеѓу 2.000 и 4.000 долари, шансата за развод била 1,3 пати поголема, отколку кај оние кои потрошиле измеѓу 500 и 2.000 долари.

Кај жените чија венчавка чинела 20.000 долари и повеќе, шансите за развод биле 3,5 пати поголеми отколку кај оние чија венчавка чинела измеѓу 5.000 и 10.000 долари. Инаку, просечната цена на венчавките во САД изнесува околу 30.000 долари.
Експертите кои го спровеле одва истражување сметаат дека таа врска е предизвикана од стресот кој се појавува кај младите, откако ќе сфатат дека за прстенот и венчавката потрошиле повеќе пари од она што можеле да си го дозволат. Истражувачите мислат дека главни виновници се вработените во индустријата на венчавки, која е се поразвиена во последните 50 години.

Во не толку далечната 1959-та година биле доволни два месеци за организирање на венчавка, додека веќе во 90-тите се препорачуваше со подготовките да започнете една година порано.

09.10.2014 - 14:07


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега