Тинејџерка била на работ на смртта поради употреба на тампон

Џоди Крајг е девојката која завршила приклучена на апарати и била на работ на смртта само неколку часа после употреба на тампон.

Таа се уплашила дека ќе добие срцев удар, бидејќи станала толку слаба што почнала да повраќа и едвај да се движи.

-„Температурата ми порасна и мајка ми мислеше дека ќе умрам“, вели Џоди.

Џоди отишла во болницата каде докторите констатирале дека таа има синдром на токсичен шок што е ретка појава но многу опасна по живот.

-„Четири дена бев на интензивна нега и после уште десет дена останав во болница. Требаше да пијам десет различни антибиотици секој ден и бев ненормално слаба. Не можам да верувам дека тоа ми се случи од само еден тампон“, вели девојката.

Две и пол години по овој инцидент, Џоди изгубила 60% од својата коса и добила запаление на белите дробови, бидејќи и` ослабел имунитетот. „Не можев да одам ниту на училиште, бидејќи премногу се заморував. Најголемиот дел од своето време го поминував дома“, раскажува таа.

Џоди застанала на свои нозе четири години после оваа ноќна мора, која се случила во август 2010-та година, благодарение на љубовта кон ирскиот танц. „Ништо не правев, бидејќи немав сила. Но, мојата најдобра пријателка живее блиску до професорката по танц и ми раскажуваше за тоа. Сега учествувам во првенства и благодарение на ирскиот танц денес сум жива“, додава Џоди.

09.10.2014 - 14:00


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега