Со помош на јогурт откријте дали имате рак

Научниците од MIT со својата работа дошле до уште еден едноставен метод за откривање на ракот, која во себе ги вклучува само јогуртот и тест на урината.

 

Професорот Сангита Батиа успеал да развие молекули кои се однесуваат како биомаркери во откривањето на станици на колоректалниот рак. Ако тие молекули се испијат заедно со јогурт, тие го наоѓаат својот пат до станиците со рак, каде што ензимите се раствораат до ситни честици и се исфрлаат од телото со урината, пренесува „International Business Times”.

Поранешните методи за откривање на колоректален рак вклучуваа и внесување на тие молекули со инекција, а новата метода го отстрани инвазивниот дел со модифицирање на бактериите во јогуртот.

Тестирањата се спроведени на лабораториски глувци, додека во клиничките тестирања кај човечките пациенти таа метода би се покажала крајно поедноставна и поефтина во откривањето на таа тешка болест.

Според Американското здружение за борба против ракот (ACS), само 40% од луѓето со колоректален рак имале рана дијагноза на таа болест, поради ниското ниво на претрага.

извор: Точка

09.10.2014 - 13:31


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега