Уште еден академик од МАНУ прогласен за кодош

 

Академик на МАНУ и поранешен директор на Универзитетската библиотека Св. Климент Охридски соработувал со тајните служби, утврди Комисијата за лустрација на денешната седница. Академикот соработувал со тјаните служби во периодот од 1950-1987 година. 
Неговото досие службите го обработувале уште во претходниот состав, но тогаш, поради недостаток на докази, тој не бил прогласен за соработник на службите.  Сега, до новиот состав на Комисијата пристигнала дополнителна документација која покажува дека тој во повеќе наврати соработувал со службите и тоа давајќи им информации за вработени во институциите со кои раководоел а во студентските денови, оддавал информации за студнтите во студентскиот клуб од Пирин, каде што членувал. Академикот службите го воделе под псевдонимот Марко Мариќ.
Според документацијата, академикот додека директорува со библиотеката, кај него дошол еден од вработените и мусе пожалил дека е под силиен притисок на тајните служби да им даде информации за писталот Богомил Ѓузел. Академикот, не само што целиот разговор им го пренел на тајните служби, туку и на својот вработен му рекол, да на Боговмил Ѓузел да не му кажува ништо.
Покрај академикот, на денешната седница, Комисијата за верификација на фактите утврди соработка со тајните служби и од еден поранешен директор на една скопска гимназија. 

Претохдно, лустраторите утврдија дека во редовите на МАНУ кодоши била и Божин Павловски и Томе Серафимовски

09.10.2014 - 13:09


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега