Монсанто компанијата која го сее семето на зло - во оваа куќа се крие заканата за нашата иднина

Moнсанто пристигна во Хрватска, вриштеа насловите на поголемиот дел од тамошните медиуми кој неодамна оваа биотехнолошка компанија од САД објави оглас во кој бара советници за продажба на ова подрачје.

Треба да се плашиме или теоретичарите на завери и еколозите непотребно шират хистерија?

Со ова пршања хрватските новинари се обидоа да го демистифицираат, што тоа овој светски лидер во производство на генетско модифицирано семе, кој ни по неколку децении не успеаа да го поправи својот имиџ на компанија која што го шири семето на зло, прави.

По неколку дена истражување тамошните колеги успеаа да дојдат до доктор Зоран Петровиќ, директорот на Монсанто за државата на поранешна Југославија и Албанија, кој за прв пат проговори за хрватските медиуми, а им било пренесено од централната компанија во САД преку Уредот за односи со јавност за Европа и Блискиот исток.

Монсанто на просторите на Југославија е присутна уште од 80-те години.Уште во тој период компанијата ги понуди своите производи за заштитни билки, додека првото хибридно семе на пченка е засадено пред пет години.

Компанијата во Хрватска е регистрирана во 2001 година на адреса на Врличка 30 во Загреб. Како директорка во финансиските извештаи е наведена Бугарката Маја Павлова Драганова.

На телефонот никој не се осмелил да се јави веќе со денови. Кога хрватските новинари пристигнале до нивната хрватска филијала дознале дека таа е во приватна сопственост, а дека куќата е изнајмена од страна на Монсанто.

Од тамошни извори дознаваат дека Монсанто има големи планови за Балканот, а Загреб или Белград ќе им станат регионални центри за Југоисточна Европа.

Компанијата на хрватскиот пазар е присутна со семе од пченка и шеќерна репка. Засадени се околу 10,000 хектари во Славонија, и логично е да се обидат да се прошират. Приходите во тој регион во 2012 година им биле нешто помали од 13,5 милиони куни, што е за еден милион куни помалку од 2011 година.

Од најзлогласното генетски модифицирано семе во Хрватска засега нема, затоа што цела Хрватска е прогласена за ГМО слободна. Слично е и во Србија. Кога станува збор за ЕУ политиката таму исто така е рестриктивна. За разлика од САД и Латинска Америка, каде сега е речиси невозможно да се посади семе кое не е ГМО, во Европа е присутно помалку од 2% ГМО семе од Монсанто, и тоа исклучиво од пченка во Шпанија и Португалија. Затоа расправата во Хрватска, како што тврди директорот за односи со јавност на Монсанто за Европа и Блискиот исток, Брендон Митцхенер е беспредметна.

 

 

09.10.2014 - 11:12


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега