Не сметајте на државата и станете независни - 8 митови за државата и совети за граѓаните

Колку пати сте се разочарале во државата и нејзините институции?

Неодамнешните поплави се најдобар пример за неделотворноста. Дојде време кога малиот човек треба да превземе нешто за себе, не да чека на некото, и да стане независен од државата.

Верувам дека на многумина на Балканот им е јасно дека од овие држави не можеме да очекуваме ништо. Владите се какви што се, а подобра алтернатива и не постои. Идните избори повторно ќе бидеме принудени да бираме меѓу двата избора кои што ни се нудат во последните 24 години.

Битна разлика нема, затоа што и едната и другата опција го застапуваат трашкејнијанизамот, на граница со марксизмот. Тоа во превод значи дека економскиот пад ќе продолжи, дека луѓето ќе живеат се потешко, дека невработеноста ќе се зголемува. Нема ниту една причина да очекуваме некакво подобрување на стандардот или опоравување на господарството.

Едно што може е да ја прекинеме кенсијанската спирала на задолжувања и трошење на војни, по што работите се враќаат на самиот почеток. Така било до сега низ историјата, и така ќе продолжи додека не дојде до радикален пресврт во економската парадигма.  И што ни преостанува?

Етатизам – теорија  пракса на што повеќе идеали или целосна владина држава во економски и друштвени односи, власт на државен бирократизиран апарат.

8 митови за државата

1. Државата ни нуди физичка заштита. Ова е делумно точно. Секој ги штити интересите на оној кој што плаќа. Полицијата е платена од политичарите, па јасно е дека тие се во функција на неа, а не на граѓаните. Нејзина работа е да го осигура сочува државниот монопол. 

2. Државата ни нуди правна заштита: Со државното судство слично е и како со полицијата – секој служи на интересите на своите работодавачи. Во овој случај тоа се политичарите на власт. Ако се случи вашите интереси да се во коинциденција со нивните тогаш сте еден од среќниците.

3. Државата ќе не заштити од надворешен агресор: Можеби да можеби не. Зависи кој е агресорот, кој има поголем топ, и кои се партикуларните интереси на лицата кој во моментот се на високи позиции.

4. Државата ни овзоможува здравствена заштита: Не. Здравството е пред распад, и само е прашање на време кога ќе се распадне. Во многу сегменти јавното здравство и сега не функционира, и за секоја посериозна ситуација, граѓаните одат на приватни клиники.

5. Државата ќе ни ги осигура пензиите. Нема шанси. Првиот столб е поради тоа што засега сеуште постојат инвеститори кои се заинтересирани за купување на државните обврзници. Тоа нема уште долго да трае. Вториот столб пак ги содржи државните обврзници кои најверојатно никогаш нема да се уновчанат. А тоа е и онака мал износ за да би можеле да живеете во староста.

6. Државата ќе ни ги образува децата: Државниот образовен систем само им го пренесува на децата во главата она дека истите без неа не можат да жиеат. Државното образование нема да ги научи вашите деца да научат да мислат со своја глава, да станат продктивни членови на општеството.

7. Државата ќе ни овозможи школување и усовршување: Најверојатно нема. Таканареченото бесплатно високо образование, најчесто резултира со дипломи кои на слободниот пазар имаат мала вредност. Тие најмногу се уважуваат во државните служби.

8. Државата ќе не вработи: Можеби и да, аки имате добри врски. Но тоа е далеку од сигурно кое воглаво е врзано со државната служба. Државите се пред банкрот и многу брзо ќе уследуваат откази на државните службеници и раскинување на договорите за работа.

 

8 совети за граѓаните

1. Заштитете се самите: Доколку имате некаков имот или сте без никаква причина да се плашите за својата физичка сигурност, обидете се што помалку да се ослонувате на полицијата. Имото осигурајте го кај реномиран приватен осигурител, а за физичката сигурност изнајмете си приватни бодигарди или вооружајте се самите.

2. Избегнувајте ги споровите со државата. Ќе се изненадите како луѓето сами можат да се договорат доколку на нив не влијае државниот суд. Во секоја прилика на договор настојувајте да изнајмите арбитар кој не добива плата од државниот апарат.

3. Осигурајте си излез во случај на војна: Без оглед на странскиот агресор или хулиганите, морате да си измате обезбедено заден излез. Размислете каде можете да најдете скривница за вас или вашето семејство.

4. За здравјето морате да се погрижите самите. Размислете за приванта осигурителна куча или обезбедете си заштеда со која можете да си ги платите здравствените услуги во случај на потреба.

5. Почнете да штедите за пензија: Заборавите на првиот и вториот столб. Сметајте го на еден вид на данок. А ако добиете некој денар повеќе сметајте го за добивање на лотарија. Во меѓувреме почнете да штедите. Односно вложувајте во реномирани финансиски институции.

6. Поминете повеќе време со вашите деца: Доколку сакате вашите деца да израснат во здрави, одговорни, слободни и продуктивни членови на општестовот, бидете сигурни дека државното школо тоа нема д аго обезбеди. Вистинското образование на вашите деца е ваша одговорност и задача.

7. Развијте го вашиот човечки капитал: Добивата ли плата од државниот апарат, размислете за тоа какво знаење имате, и кои луѓе би биле подготвени доброволно да платат за тоа. Ако немате никави знаења почнете да работите на тоа за да ги стекнете.

 8. Не очекувајте вработување од државата: Откако државите ќе прогласат банкрот, многи вработени во државните институции ќе останат без работа и ќе бидат изложени на празарот од кои од нив ќе бара производи и услуги кои некои ќе сака да ги купи и да плати за истите. Тоа е можно само на два начина. Или да поседувате вистински вештини, кои потрошувачите ги бараат, или самите да станете претприемач и да го организирате производството на добра и услуги.  

08.10.2014 - 18:00


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега