Владата ќе го разгледа барањето за увоз на црвена пиперка

Барањето  од преработувачите на овошје и зеленчук за увоз на  црвена пиперка од соседните земји  во следните денови ќе биде разгледано од владините комисии, а потоа став ќе заземе и Владата, информира денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Преработувачите на овошје и зеленчук  бараат да се дозволат квоти за увоз на црвена пиперка од соседните земји,  бидејќи останале без суровина поради намаленото производство од временските услови и продажбата на домашното овошје и зеленчук на пазарите на големо.

 

07.10.2014 - 13:48
Фото: 
дневник


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега