Промени на градите кои не смеете да ги игнорирате

За голем број од жените, градите се последното место на кое би правеле преглед без да почувствуваат болка или некоја чудна промена.

Меѓутоа, важно е да го следите нивното здравје и без некои посебни болки.

Во случај да забележите ваква промена, веднаш закажете термин кај вашиот доктор:

Грутка на градите

Меката грутка која се мрда под вашата кожа најверојатно е циста исполнета со течност. Ако е цврста пак, може да се работи за посериозни проблеми со кои ќе треба да разговарате со доктор.

Алергија на брадавиците

Трагите кои потсетуваат на убод од инсект, црвенило или алергиска реакција, може да бидат предупредување за посериозни болести, па дури и рак на градите.

Набрана кожа

Ако ткивото околу градите полека се собира, тоа може да укажува на запушени лимфни јазли, што повторно може да предизвика развој на рак.

Младеж или белег кој менува облик или боја

Внимавајте на асиметријата, рабовите на младежите кои се неправилни, исто како и на варијација на бојата и големината. За секоја промена известете го вашиот доктор.

Извор: Црно Бело

07.10.2014 - 11:58


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега