Земјотрес во опозицијата: ЛДП го напушта Заев - Пенов готви нова коалиција без СДСМ?
Додека Андреј Жерновски се двоуми дали да се кандидира повторно за прв човек во Либерално-демократската партија, поранешниот лидер со најдолг стаж, Ристо Пенов во кафеана договара нова коалиција без Жерновски и без опозицискиот лидер Зоран Заев. Неформални извори за Вечер велат дека Пенов во неврзан разговор на неговите соработници им го открил планот за понатамошно дејствување на либералдемократите кои се незадоволни од досегашниот рејтинг на партијата. Претходно потпретседателот на ЛДП, Горан Милевски, изјави дека според последните анкети, партијата има рејтинг од 0,3%.
Претходно Жерновски јавно призна дека има дилеми дали да се кандидира на следниот конгрес на партијата. Рече дека планира целосно да се посвети на водењето на Општина Центар. "Со нетрпение чекам да има конгрес на партијата, а дали ќе се кандидирам или не останува да одлучам. Водењето на Општина Центар во овие услови е специфично, бара сериозна посветеност и затоа оваа дилема е присутна кај мене. Не се сомневам дека ЛДП има кадри кои ќе продолжат и понатаму да функционираат со полна пареа", изјави Жерновски. Медиумите објавија дека потпретседателот на ЛДП и прв човек на битолскиот огранок на либералдемократите, Горан Милевски, веќе ја најавил својата кандидатура. Според изјавите кои ги пренесуваат медиумите, тој бил незадоволен од лошиот рејтинг на партијата. Уште една работа која му се замерува на Жерновски е Роза Топузовска – Каревска, која не ја послуша директивата од СДСМ и реши да го прифати пратеничкиот мандат. Според информациите кои беа објавени, таа била личен избор на Жерновски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа