Како да препознаете дали вашето дете се дрогира

Како да знаете дали вашето дете или пријател користи дрога? 

Физички знаци: 

- Губење на тежина, бледо лице, темни кругови под очите или црвени очи, честата употреба на капки за очи; 

- Необјаснет осип на кожата, постојана кашлица, чести настинки;

 - Промена на навиките во спиење и јадење;  -

Занемарување на личната хигиена;  -

Очигледна интоксикација, мирис на алкохол или други опојни дроги. 

Промени во однесувањето: 

- Зголемена побарувачката за пари; 

- Нови пријатели, лажење или таинственост, мистериозни телефонски повици; 

- Напуштање на работа или престанок на работниот однос, проблеми со посетување настава;  - Напуштање на хобито или активност која ја практикувале во слободно време; 

- Промена на расположението ( ненадејни изливи на бес, тага и депресија, напади или неконтролирана радост );

 - Вербална и физичка злоупотреба на членовите на семејството;

 - Тенденцијата кон изолација и осаменост; 

- Кражба или загуба на скапоцености, употреба на алкохол и лекови. 

Работи на кои треба да се посвети внимание: 

- Поседување на алкохол или наркотични средства, вклучувајќи семки марихуана; 

- Плакнење на устата, употреба на освежувачи за здив или капки за очи; 

- Парчиња од скршени стаклени шишиња, луле, огледала, алуминиумска фолија, жилети, траги од оган на лажичка ; 

 

- Изгореници или дамки на кожата и облеката. 

06.10.2014 - 22:12


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега