ВИДЕО: Парализирана невеста ги шокирала гостите- застанала на нозе на својата свадба

Во страотна сообраќајна незгода пред шест години Џина Џафалони останала парализирана од папокот па надоле, но таа не се предала и никогаш не престанала да биде упорна и храбра.

Поранешната гимнастичарка не дозволила тоа да ја запре и била решена на својата венчавка со својот татко да прошета до олтарот. Иако звучело невозможно, таа била упорна и со макотрпно вежбање успеала држејќи го татка си да застане на нозе.

Таа инаку е поранешна спортистка која важела за некоја што секогаш внимавала на својата линија и телесната форма, и токму тоа го привлекло нејзиниот сопруг Џон Спринговер.

– Тој е прекрасен човек кој очигледно на ја гледа количката. Тој ме гледа само мене, а не моите физички недостатоци, го опишала својот новопечен сопруг.

Откако Џон ја запросил во декември 2012 година, Џина на својот татко му кажала дека би сакала тој  да ја испрати до олтарот.

– Ќе дојдеме ние до тој олтар, ако треба и ќе се тркаламе, но можеме и да се прошетаме ако сакаш – напишал таткото на Џина, Гери Џафалоне.

Џина после тоа направила нешто што ги изненадило сите фоторепортери и докторите од болницата „Immanuel“.

По година дена активна терапија Џина успеала да стане и да го исправи своето тело и да зачекори со помош на протеза.

И сето тоа го направила во потполна тајност, со цел да ги изненади гостите кои присуствувале на венчавката.

06.10.2014 - 15:13


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега