И здодеало да го чека принцот на бел коњ - се омажила сама со себе

Дефинитивно не е лесно да најдеш некој со кој ќе го поминеш целиот живот. На младата Грејс Гедлер и се здосадило да го бара принцот на белиот коњ, па се решила да си се омажи самата за себе. 

Себе си си се запросила во ноември во Лондон, а во март се прошетала сама до олтарот. Била опкружена со семејството и пријателите, а во моментот на судбоносното ДА, се бакнала самата себе си во огледало. На ова се одлучила откако како што вели, изградила цврста врска со самата себе, а била инспирирана од песна.

- Некои коментираа позитивно, некои негативно и ми велеа дека сум "нарцис". Секако дека личноста која се мажи самата за себе треба многу да се сака себе си, но јас на сето ова гледам поинаку и цврсто стојам зад својата одлука. Медитирав, се спознавав себе, се развивав и разбирав...вели Американката.

Таа вели дека имала голема трема пред венчавката и дека сега се чуствува многу посилна од порано.

06.10.2014 - 14:27


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега