"Го спаси животот на вашиот син па отиде да го закопа својот" - трогателна приказна

Еден доктор влегол во болница набрзина откако бил повикан на итна опреација. Тој се пријавил, се облекол и влегол во одделот за операции.Го чекал таткото на детето како поминува во ходникот чекајки доктор. Кога го здогледа, таткото извикал: “Зошто ти требаше толку време да дојдеш? Зар не знаеш дека животот на син ми е во опасност?”

Докторот се насмеа и одговори:” Извинете не бев во болницата и веднаш дојдов штом го примив повикот…А сега ве молам смирете се за да можам да ја работам својата работа.”

-”Да се смирам???  Што доколку твојот син беше во салата сега, дали би сте се смириле? Доколку син ви умреше сега што би направиле??”-Рече таткото гневно.

Докторот повторно се насмевна и одговори: “Јас би рекол како Јов што рекол во библијата. Од земја дојдовме и во земја се враќаме, нека е благословено името на Господ. Докторите неможат да го продолжат животот. Одете и молете се за вашиот син, а ние ке направиме се најдобро според милоста божја”.

-”Да даваме совети кога не сме засегнати е многу лесно”-промрморе таткото.

Опреацијата траеше неколку часа по која докторот излезе задоволен.

“Фала му на бога вашиот син е спасен!” И без да го дочека одговорот на таткото тој продолжи да оди. “Ако имате некое прашање прашајте ја сестрата!”

“Зошто тој е толку арогантен?! Не можеше ли да почека за некоја минута да го прашаме за состојбата на мојот син?” Коментираше таткото гледајќи ја сестрата откако замина докторот.

Сестрата одговори низ солзи во очите: “Неговиот син почина вчера во сообраќајна несреќа, тој беше на погреб кога го повикавме за операцијата на син ви. И сега откако го спаси животот на син ви, тој замина да го доврши погребот на неговиот син!!!”

Извор: воштип.мк

06.10.2014 - 11:04


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега