„Го заклучила во соба, а на прозорите заковала решетки“ - скопјанец доживеал вистински хорор

Скопската полиција  поднесе кривична пријава против А.А.(46), бездомно лице сместено во Прифатниот центар „Чичино Село“, поради сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“. 

Пријавената, искористувајќи ја менталната состојба на 39-годишен штитеник од Прифатниот центар, од март до септември 2014 година, го заклучувала во соба со катанец, а на прозорците заковала решетки за да не избега. Исто така, оштетениот бил физички и психички малтретиран  и принудуван да питачи по улиците во Скопје, а паричните средства собрани од питачењето и ги давал на пријавената.

Од страна на судија во претходна постапка на пријавената и е одредена мерка притвор во траење од осум дена

05.10.2014 - 12:11

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега