„Дајте ми ги парите од прометот“ - ограбен е маркет во Скопје

Крадците не мируваат, ограбен е маркетот „ПРИНЦ“  воп Скопје. Вчера во  01.10 часот непознато  лице извршило разбојништво над двајца вработени. 

Додека вработените ги носеле кесите во кои имало пари од дневниот промет во просторијата во која имало каса, сторителот излегол од просторот кај скалите меѓу приземјето и првиот кат од објектот и со закана со нож им ги побарал парите, по што тие ги пуштиле кесите. 

Потоа, крадецот ги зел двете кеси со пари и се упатил кон паркинг просторот од објектот, а другите вработени од маркетот се упатиле по него, по што сторителот ги оставил кесите со пари во близина на маркетот и се оддалечил во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

04.10.2014 - 14:09

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега