МВР спречи криумчарење на 34 мигранти

МВР во два одвоени случаja спречи криумчарење и транспорт на 34 илегални мигранти за што кривично се пријавени три лица.

Во првиот случај, Регионалниот центар за гранични работи Север, поднесе кривична пријава против лицата С.З.(43) и  Б.С.(54) двајцата од Скопје поради основано сомнение дека сториле кривично дело „криумчарење на мигранти“. На двајцата од страна на судија им е одрдена мерка притвор од осум дена.

На 28 минатиот месец околу 22,00 часот во с.Долно Блаце, во непосредна близина на граничната линија меѓу Македонија и Косово, од страна на половциски службеник биле сопрени  две патнички моторни возила „Опел Вектра“ и ПМВ „Фолксфаген Венто“, двете со скопски регистарски ознаки управувани од двајцата пријавени лица, во кои се превезувале десет  илегални мигранти. Б.С. при обид да биде легитимиран, го стартувал возилото и се обидел да го прегази полицискиот службеник по што почнал да бега, но изгубил контрола над возилото и удрил во поголем камен по што возилото запрело. 

Од извршениот разговор со пријавените утврдено е дека на 28.09. околу 20,00 часот на второпријавеното лице телефонски му се јавил неговиот пријател вработен во такси компанија и му кажал да се упати во чајџилница во с.Визбегово каде што требало да го чека првопријавениот. Бидејќи и претходно вршел криумчарење на мигранти знаел за што се работи и се согласил. Откако се сретнал со првопријавениот од местото ги качиле илегалните мигранти во возилата и се упатиле кон с.Долно Блаце каде во близина на граничната линија меѓу Македонија и Косово биле запрени од полициска патрола. 

Во вториот случај, исто така, на крајот од минатиот месец, Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против Р.П.(22)  од с.Лојане поради основано сомнение за извршено кривично дело „криумчарење на мигранти“. На Р.П му е одреден и притвор од 30 дена.

На 29.09. околу 19,00 часот на место викано „Мокро поле“ бил забележан  трактор со приколка, кој бил управуван од пријавениот во која превезувал 24 лица, илегални мигранти од Сирија, Авганистан и Судан. Од извршениот разговор со Р.П. тој изјавил дека дента околу 17,00 часот со својот трактор се упатил кон околната шума, поточно кон место викано „Стража“ со намера да бере дрва, по што наишол на поголема група на мигранити кои побарале да се качат во приколката. Тие се качиле во приколката и по одредено време бил сопрен од страна на полициската  патрола.

Извршен е разговор и со еден од мигрантите при што тој изјавил дека илегално влегол во Македонија од Грција во близина на ГП Богородица заедно со неговиот брат и уште двајца другари. Откако пристигнале во с.Лојане на непознато лице од Пакистан му платиле 400 евра по човек со цел да ги пренесе до Србија, по што тој ги однел пеш до тракторот. Од извршен разговор со друго лице од групата мигранти, констатирано е дека и тој илегално влегол од Грција во близина на ГП Богородица заедно со неговата сопруга и брат, при што откако пристигнале во с.Лојане,  биле сместени во некој камп каде што непознато лице од Бангладеш пеш ги однел до тракторот кој ги чекал во близина на с.Лојане

04.10.2014 - 14:06

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега