Скопската полиција фати двајца насилници

Единицата за насилен криминал со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство го предаде Ф.Ц.(17), поради основано сомневање дека сторил кривично дело „насилство“ и С.К.(22) поради сомневање дека бил соизвршител во кривичното дело, во кое на 24-годишно лице од Скопје  му е  нанесна убодна рана. За стореното кривично дело, судија на првопријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена, соопшти МВР.

Случајот бил пријавен на 20-ти минатиот месец околу 23,40 часот, од службено лице за обезбедување во ГОБ „Наум Охридски“, каде оштетениот бил примен со убодна рана во ногата, при што инсистирал случајот да не се пријавува, а кога бил упатен на рентген, самоволно ја напуштил болницата, без да му се укаже помош. Околу 01,20 часот, лицето поторно се вратило во ГОБ „Наум Охридски“, барајќи да му се укаже лекарска помош и да се извести полиција. По укажаната помош оштетениот се упатил во полициската станица „Центар“, каде го пријавил настанот.

Според исказот даден пред полициските службеници, на 20.09.2014 година околу 23,30 часот на ул. „Народен Фронт“, додека оштетениот го паркирал своето возило, патот му бил попречен од  моторно возило „БМВ“ управувано од второпријавениот С.К. Од возилото излегол Ф.Ц. со пивско шише во раката и кога стигнал до возилото го скршил шишето од ветробранското стакло и преку отворениот прозорец физички го нападнал оштетениот, кој бил со уште двајца другари, негови врсници. Во моментот додека траел нападот оштетениот се обидел да го придвижи возилото наназад и да го избегне нападот, но во тоа не успеал, а од другото возило излегло уште едно лице маскирано со фантомка, кој му нанел неколку удари по глават и телото  и го прободел со остар предмет.

По пријавувањето на кривичното дело, Ф.Ц. и С.К. се повикани во службените  простории на Единицата за насилен криминал, каде во присуство на адвокат во целост негирале каква било поврзаност со кривично правниот настан, по што е извршено препознавање на кое оштетениот  и двајцата врсници кои биле со него во возилото, со сигурност ги посочиле пријавените како извршители.

Двајцата пријавени,  но и оштетениот, се регистрирани нарушители на јавниот ред и мир, како и сторители на кривични дела проследени со насилство, недозволена трговија со дрога, недозволено поседување на оружје и имотни деликти. На Ф.Ц., во јуни годинава, му е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „насилство“  и тогаш во целост негирал дека е сторител или имал било каква поврзаност, а С.К. е кривично пријавуван за „насилство“, „недозволена трговија со дрога“ и „тешка кражба“ и тој во сите случаи негирал било каква повразност со кривичните дела за кои се товари.

04.10.2014 - 14:02

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега