Часовник кој ви пресметува уште колку ќе живеете

Загрижени сте колку начинот на кој живеете влијае врз вашето здравје, ќе ви помогне новиот, малку морбиден уред.

Фредерик Колтонг од Шведска го дизајнирал „Тикер“, часовник кој го пресметува вашиот животен век и дури одбројува кога ќе умрете.

Иако уредот е познат како „Часовник на смртта“, Колтинг го нарекува „Часовник на среќата“, истакнувајќи дека е дизајниран за да им помогне на луѓето најдобро што можат да го искористат времето кое им преостанува до крајот.

За да го навие часовникот, сопственикот мора да пополни прашалник, вметнувајќи ги информациите од здравствениот картон (алергии, болести и слично). Освен тоа, внесува податоци за тоа дали пие, пуши и дали некој од семејството имал рак, дијабетес или други болести.

Пред да ги добие резултатот, сопственикот мора да одговори и на прашање дали и колку е физички активен и колку килограми има. Врз основа на овие податоци, часовникот дава прогноза за датумот на смртта о „Тикерот“, кој работи како обичен часовник, почнува да одбројува.

По кампањата за масовно финансирање (crowdfunding), часовникот ќе може да се купи на интернет по цена од 88,85 долари. Иако првобитно беше планиран износ од 25.000 долари, досега се собрани 98.665 долари.

 

 - Замислете некој да ви каже дека ви останало уште година дена живот. Што би промениле во животот. Се што треба да научиме е да го цениме времето и животот кој ни е даде, да го искористиме денот и да го слушаме своето срце, вели Фредрик Колтинг, кој идејата ја добил откако починал неговиот дедо. 

03.10.2014 - 16:22

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега