Пронајдени стебла канабис сатива во тетовско

Поголема количина стебла и искорнати гранки „канабис сатива“ пронашла вчера полицијата на две одвоени парцели во атарот на тетовското село Палатица.

На парцела сопственост на 55-годишниот А.Ј. биле пронајдени и искорнати  89 стебла  „канабис сатива“ со различна големина од половина до два метри, а во соседната парцела на 43-годишниот И.Џ. пронајдени се уште 57 делови -гранки, од вакви искорнати стебла.

Пронајдените стебла со соодветна судска наредба се одземени и ќе вештачат. Се расветлуваат сите поединости во врска со пронајдените количини „канабис сатива“ по што ќе следуваат поднесоци, изјави Јосифовски.

03.10.2014 - 12:26

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега