Уште една сообраќајка ја потресе Македонија - повредени три лица

Три лица се потешко повредени во судир на две возила на магистралниот пат Гостивар-Кичево. Сообраќајната несреќа се случила синоќа околу 23 часот во близина на еден од велзовите во Гостивар кога од засега неутврдени причини дошло до директен судир на автомобил "опел-вектра" која ја управувал 63-годишниот кичевчанец М.М. и "сеат-ибица" управувана од 37-годишниот Д.Т. од Гостивар. Двајцата возачи и сопатничката од опелот, 59-годишната С.М. се пренесени на скопските клиники.

 Материјалната штета се проценува на околу 200 илјади денари.

03.10.2014 - 11:20

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега