Опозициските поддржувачи продолжуваат со критики кон СДСМ
Не престануваат реакциите на лица кои во јавноста важат дека ја симпатизираат опозицијата, откако Зоран Заев, Радмила Шекеринска и други високи функционери на најголемата опозициска партија присуствуваа на јубилејот на „Дајнерс“ во новиот МНТ, со што се разобличија критиките на СДСМ поврзани со проектот Скопје 2014, а самата партија е мета на големи критики од сопствените поддржувачи, пишува Курир.
Откако вчера Саше Ивановски- Политико, Васко Ефтов, Јорданка Ивановска- Јоци, Никола Гелевски, Ивор Мицковски жестоко удрија по Заев и Шекеринска за нивното присуство во новиот МНТ, реакциите проодолжуваат и денеска.
Дежурниот поддржувач на опозицијата, новинарот Ерол Ризаов пишува дека Заев “храбро и на голема врата влезе во „Скопје 2014“ и стана дел од славната историја на преродбата на Македонија“,
-Второто чудо ни го приреди лидерот на опозицијата Зоран Заев. Човекот, ни пет ни шест, храбро и на голема врата влезе во „Скопје 2014“. Стана дел од славната историја на преродбата на Македонија и се запиша како прв опозициски политичар кој го промовира старо-новиот театар, на големо задоволство на сопартијците од врвот на СДСМ и пријателите од ВМРО-ДПМНЕ и Владата, пишува Ризаов во неговата колумна од 29-ти септември, „Стоте дена на Владата“.
Меѓу оние кои вчера жестоко распалија по Заев и Шекеринска беше и уредникот на соросовиот портал Окно, Никола Гелевски. Според него Радмила Шекеринска го направила најголемиот гаф во својата досегашна политичка кариера, организирајќи сопствена деловно-семејна прослава во старо-новиот објект на МНТ, еден од “најважните симболи на опасниот груевистички проект СК014“, објаснувајќи дека неговата линија за раздвојување е токму овој проект.
Со ваквиот став на Гелевски се согласува и пратеничката Љубица Буралиева, која не ја послуша партиската директива и го прифати пратеничкиот мандат.
-Никола, и мојата линија на ,,раздвојување,,е токму така исцртана.Со ризик на движење надвор од ,,линијата без линија,, пружив личен отпор не за да признаам нешто што не само што не е за признавање (ами за вистинско уривање), туку самоубиствено да рикнам (викнам) дека животите на луѓето што ве следат вредат повеќе од политичките ,,лакирани кондури,,. досега не влегов во шљаштавиот објект токму затоа што го сакам вистинскиот театар кој во вакви услови вирее ( само со висок културно-уметнички здив) и на улицата од моето маало, и во прилагоден хангар, со публика со истенчен вкус и искреност во погледот кон сцената, со јасна визија кога завесата треба да се спушти, пишува Буралиева на својот Фејсбук профил.
Гелевски пишуваше дека политичка смисла е непростлив гафот на Шекеринска, за која вели дека во голема мера го изгубила својот политички кредибилитет.
-Стојам до ставот дека гестот на Шекеринска е рамен на политичко самоубиство. Низ нејзиниот најнов поразителен гест сфатив и друга важна работа: таквите кадри во СДСМ се совршено олицетворение токму на културно игнорантските политики на Бранко Црвенковски. СДСМ е склон кон вакви квазирационални критики на СК014 („подобро патишта отколку галии“), без да влезе во културната суштина на лудилото кое зрачи политичка радиоактивност од највисок степен, пишува Гелевски.
Со свој став вчера излезе и Саше Ивановски- Политико, според кого присуството на Шекеринска, Заев и останати високи фунционери во тетаарот кој е дел од проектот кој го нарекуваа налудничав, забеган и кич е чист автогол кој скапо ќе ја чини опозицијата.
-И кога сасвим изненада ете ти ги Заев и Рада ќе ти стегнат еден јак ударац у муда и ќе те кутнат на земја и ќе доживееш нешто поболно и пострашно од сите исмевања и сите проблеми кои ги носи функцијата - закоравен опозиционер! Ништо не ми е тешко толку многу колку чист опозициски автогол кој знам дека скапо ќе не чини - нови порази, нови паѓања, нови победи за талибанците и фашистите од ДПМНЕ, нови зулуми и мајмунарии во нашава државичка, пишуваше Ивановски.
Новинарот Васко Ефтов пак, го прашува врвот на СДСМ дали “намерно го прават ова или не дај боже се уценети од власта со разни кирии и слични тракатанции“.
-Зошто ја газите веродостојноста на се она што сте го кажувале во изминатите шест години. Како утре ќе зборувате во Делчево или во Росоман за Скопје 2014 како најголем криминал на власта, а сопругот на заменичката во бисерот на Скопје 2014 прави гранде прослава, Просто не ми се верува- како некој намерно да си пука во нога, пишуваше Ефтов.
Засега нема никаква реакција од раководството на СДСМ по фронталните напади од лица кои во јавноста важат за поддржувачи на опозициската политика.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа