Погледнете како чудесно се менува животот на оваа жена со церебрална парализа кога пуши марихуана

Жакелин Патерсон од државата Мисури САД, мајка на четири деца била во центарот на вниманието на медиумите, кога ја раскажала својата приказна на светот, преку документарецот во 2007 година, по името „In Pot We Trust“ (Веруваме во марихуаната)

Таа боледувала од церебрална парализа уште од младешките години. Станува збор за невро мускулната болест која удрила во темелите на нејзиниот живетен век, а во документарецот ја раскажува за борбата која ја води секој ден. За среќа сето тоа се променило откако почнала да пуши медицинска марихуана.

Кај нејзе е дијагностицирана болна вкочанетост на мускулите, и тешка говорна мана која го ограничува изговорот на нејзините зборови до точка во која буквално се заглавува зборот на врвот на јазикот. Ваквата состојба се карактеризира со нагли движења на телото, мускулна контрола, мускулна координација, мускулен тонус, рефлекси, држење и рамнотежа.

Лицата со церебрална парализа можат да доживеат визуелни искуства, учење, слух, говор, епилепсија, и интелектуално оштетување.

„Го мразам мојот говор“, изјавила на рочиштето, поради поседување на марихуана во Мисури.

„Јас го доооо - ... Јас го до-.. доведов својот маж до точка на самоубиство. Го знаете ли тоа?“.

Вдовицата верува во своите аргументи и својата неспособност да му прости за исмејувањето предизвикано од нејзиното мачење, што предизвикало самиот тој да се обеси во подрумот.

Во 2007 година Патерсон речиси ќе го изгубела старетелството над своите деца, поради поседување на марихуана. Во знак на одмазда таа тргнала во Калифорнија, каде медицинскиот канабис е легален, за да го изјасни својот случај како успешен. Таа вели дека марихуаната и го променила животот.

„Јас-јас- пушев марихуана за прв пат кога имав 14 години“, изјавила за списанието The Pitch“. „За прв пат, моите мускули не беа напнати“. 
А зборовите ми се лизгаа од устата, место да ми се лизгаат од устата како при судар на возови“.

Патерсон вели дека поради пушењето на медицинскиот канабис, таа може да биде мајка кои нејзините деца ја заслужуваат.

„Јас би била само половина мајка без пушењето на марихуаната, затоа што премногу ќе бидам во болки.

Видеото покажува силна способност на сузбвање на болеста од страна на медицинскиот канабис, што се гледа во случајот на Патерсон со церебрална парализа. Со неколку секунди пушење нејзиниот говор и напор значително се намалува.

Фактот дека некој пати од слабеење, и дека мора да се соочи со предизвиците да ги лечи своите симптоми со канабис е целосно непривлечна, но модерната медицина не ни дава решение. Секоја влада е подготвена да одземе некои деца поради пушењето на природни билки и поради тоа Владата треба да го разгледува секој случај за посебен.

Денеска Патерсон времето го минува како заговорник на медицинскиот канабис во Калифорнија. 

„Баш е убаво... да не се грижите дали ќе ви затропаат на вратата службите за заштита на децата. Убаво е некои од нас да не не третираат како криминалци“, вели Патерсон.

 
 

 

02.10.2014 - 17:14

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега