И ја удрил главата во стакло - велешанец претепа полицајка

Вчера во 11 часот во просториите на Здружение на возачи – Автобезбедност во Велес 59-годишниот З.Р. од Велес незадоволен од работењето на полициска службеничка почнал да вика и да се расправа, а откако таа се легитимирала со службена легитимација и му наредила па престане со викањето, тој продолжил да и упатува навреди и псовки.  Потоа ја нападнал удирајќи ја преку шалтерот по раката, по што ја потегнал за рака, а таа се удрила со главата во стаклото од шалтерот.

По целосно документирање на случајот против З.Р. ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

02.10.2014 - 12:37

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега