Лудило: Починал пред свадба - додека сите го оплакувале тој...

Несудената невеста останала шокирана кога дознала дека нејзиниот иден сопруг тајно боледувал од депресија и затоа се фрлил под автомобил. Меѓутоа целата приказна има поинаков крај.

23 годишната Алекс Ланчестер со потекло од Британија, се подготвила за свадбата со Американецот Такер Блендфорд. Но, пет месеци пред големиот ден добила повик во кој ја известиле дека нејзиниот вереник загинал во сообраќајна несреќа.

Таа останала во шок кога дознала дека нејзиниот иден сопруг тајно боледувал од депресија и затоа се фрлил под автомобил. Меѓутоа целата оваа приказна е далеку од вистината.

-Добив повик од човек кој се претстави како таткото на Такер и дека има лоши вести. Но, не звучеше како неговиот татко, туку како Такер. Не можев да дишам. Целосно не уништо, вели Алекс.

Меѓутоа нејзината болка се претворила во бес откако и се јавила на неговата мајка за да дознае што точно се случило.

-Ми кажа дека Такер е добро и дека не знае за што зборувам, како и дека мисли дека сме раскинале пред неколку месеци. Ништо не знаеше за венчавката, додава Алекс која оттогаш не разговарала во Такер и повеќе не сака да слушне ништо за него.

Такер, пак, вели дека му е жал што така се однесувал.

-Нема што да се додаде. Знам дека не требаше така да и кажам, но не знаев што друго да правам. Лоша личност сум. Алекс е прекрасна девојка, но се исплашив и сакав да излезам од таа врска, објаснува 23-годишниот Такер.

01.10.2014 - 10:18

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега