Дилер од Битола падна во рацете на полицијата

 

СВР-Битола поднесе кривична пријава против  21-годишниот Е.М. поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекусори“. Откако младиот битолчанец неовластено набавил марихуана, ја држел кај себе со цел продажба на лица нарко-зависници од Битола. На 12.04.2014 година кај “Меди“ во населбата “Баир“ во Битола, од страна на полициските службеници забележана била поголема група на лица меѓу кои и пријавениот, кој кога ги видел полицајците ја фрлил дрогата.  Од страна на полициските службеници дрогата е пронајдена, лице местото е фоторафирано, дрогата е подигната и со наредба од Основното јавно обвинителство- Битола испратена на вештачење. 

30.09.2014 - 13:05

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега