Реакција на СДСМ до Пресс24
Опозициската СДСМ реагира на насловот на текстот објавен од Пресс24 во кој стои дека станува се поизвесно дека пратениците на СДСМ ќе се вратат во Собранието.
Во текстот под наслов, „Тeхничка влада нема - пратениците на СДСМ се враќаат во Собранието“ стои дека владејчката партија не го менува ставот и дека нема да го прифати барањето за техничка Влада и дека при констатирањето на оставките голем дел од пратениците или оние кои следат на листите ќе се вратат во Собранието.
СДСМ во својоата реакција реагира на насловот на Пресс24.
„Лага е тврдењето во насловот на текстот од „Прес24“. Ставот на СДСМ и коалициските партнери е кристално јасен и непроменет. Пратениците од опозицијата нема да учествуваат во работата на Собранието се додека не се создадат услови за враќање на демократијата и одржување на фер и демократски избори. Пратениците од опозицијата не ги прифатија пратеничките мандати и оставките ги депонираа уште пред 4 месеци во Собранието, откако Трајко Велјаноски и власта насилно ги верификуваа нивните мандатите. Велјаноски не мора да чека до 8-ми октомври, може кога сака да ги верификува оставките“ - стои во реакцијата на СДСМ
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа