Тeхничка влада нема - пратениците на СДСМ се враќаат во Собранието
Нема техничка влада по барање на СДСМ и тоа е позиција што ВМРО-ДПМНЕ ќе ја држи се до нови избори. За се друго може да се разговара, но за тоа сега нема услови. Останува ставот дека ако СДСМ и до средината на октомври не седне на маса, независно дали на лидерско ниво или во работни групи, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски да продолжи со процедурата за констатирање на оставките на пратениците од СДСМ.
Ова е ставот кој високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ го соопштиле на прашање на новинарите на Дневник.
По најавите на опозицискиот лидер дека нговата партија има нешто со што ќе го натера Груевски на преговори, од владејчката партија велат дека нивниот став не се менува и дека остануваат на позициите кои веќе ги соопшти собранискиот спикер Вељаноски во интервју за Пресс24, дека доколку до 8 октомври опозицијата не се врати во Собранието, нивните оставки ќе се најдат пред пратениците.
Весникот пишува дека е извесно дека нема да има дополнителни избори бидејќи голем дел од пратениците на СДСМ кои имаат верификувани мандати но и оние кои следат на листите изразиле подготвеност да го прифатат мандатот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа