Карневалско роденденско чествување во Струмица

 

Изминатиот викенд Струмица живееше во тридневно роденденско чествување на 20 години од членството на Струмичкиот карневал во Европската  федерација на карневалските градови–ФЕКК и 34-тиот родеден на оваа најголема карневалска асоцијација.

На јубијениот роденден присуствуваа карневалисти од 14  држави од Европа а домаќинот Струмица организираше повеќе манифестации и запознавање со културно-историските и природните убавини на Струмица и регионот.

- Струмичкиот карневал како бренд се етаблира во светската мапа на карневалски градови и е убава можност за културно зближување со многу држави, народи и цивилизации. Дваесетгодишниот растеж на Струмичкиот карневал го забележа и списанието „Травел њус“ кое го вброи Струмичкиот карневал во топ 20 улични карневали од целиот свет, рече  градоначалникот на Општина Струмица Зоран Заев.

Во чест на јубилејот, градфоначалникот Заев им врачи медали на карневалските групи и поединци а претседателот на ФЕКК, Фердинанд Ван Дер Крон на градоначалникот Заев  му врачи Медал и плакета на оваа најголема светска  асоцијација. 

29.09.2014 - 10:23

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега