Започнува проектот “Создаваме заедно”

 

“Создаваме заедно” е седуммесечен проект со цел помагање на слепите и слабовидни лица во Македонија. Kај нас постои само една единствена организација за лица со оштетен вид и само едно училиште за овие лица, училиштето Димитар Влахов. Во државата се регистрирани околу 2500 слепи лица, т.е. лица со оштетен вид, а реалната бројка е многу поголема.

Со цел да излезе во пресрет на потребите на оваа група луѓе, компанијата Тотал Брендс и Црвениот Крст на Град Скопје го започнаа овој проект, преку кој ќе се набават два брајови печатачи и специјализиран компјутер со посебен софтвер за работа на лица со оштетен вид, сето тоа донација од соковите Гуте Фрухте, новиот бренд на нашиот пазар, произведен по швајцарски рецепт. На тој начин, поголем број на книжевни дела и стручни литератури ќе бидат достапни за лицата со оштетен вид од училиштето Димитар Влахов.

“Паралелно, со овој проект ќе се отвори и Клуб во рамки на училиштето со утврдена годишна програма за работа и ќе се зголеми капацитетот на стручни соработници и волонтери за 35 членови на тимот. Навистина сум пресреќна што ова се остварува” – дополни Катерина Јанковска од Црвениот Крст, одговорно лице за проектот.

Тотал Брендс и Гуте Фрухте со оваа донација ги повикуваат и останатите компании на поголема општествена и социјална одговорност и се надева дека истата ќе има позитивен оддек и ќе придонесе за нови идеи со кои може да се помогнат граѓаните кои имаат потреба од некаква помош.

29.09.2014 - 10:21

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега