Анкета на ИРИ: ВМРО-ДПМНЕ 29 - СДСМ 10 отсто
Доколку утре би се одржале парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ би освоил 29 отсто од гласовите, опозициската СДСМ 10 отсто, ДУИ 13 отсто, а ДПА 3 отсто од гласовите, покажува најновата анкета на Републиканскиот институт ИРИ направена во септември.
Премиерот Никола Груевски ужива убедливо најголема доверба меѓу граѓаните, односно 22 отсто, потоа следуваат Али Ахмети со 9, Зоран Заев 4%, Ѓорге Иванов 3%, Бранко Црвенковски 3%, по два отсто рејтинг имаат Мендух Тачи, Руфи Османи и Радмила Шекеринска, додека претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски има рејтинг од само 1 отсто. 27 проценти од испитаниците се изјасниле дека немаат доверба во ниту еден полтиичар.
На прашањето како би ги оценеле политичките сибјекти доколку употребите оценки кои се користат во училиште, оценката за Владата изнесува 2.71, за претседателот Ѓорге Иванов 2.8, додека за опозиција 1.99.
72% од граѓаните сметаат дека немало притисок на избори, 15% сметаат дека имало, односно познавале луѓе кои тврдат дека имало притисок, а 7% почуствувале личен притисок.
Одговарајќи на прашањето кое е најважно прашање во надворешната политика на Република Македонија, 28 отсто сметаат дека тоа е признавање на името, 25 отсто мислат дека тоа е почнување на преговори со ЕУ /интеграција во ЕУ, 22 отсто се одлучиле за зголемување на странските инвестици, 11 отсто сметаат дека тоа е членство во НАТО, 8 отсто односите со соседите ги сметаат како најважни, додека за друго се одлучиле 1 отсто.
60% од испитаниците одговориле дека невладините организации се под влијание на политички партии, 25% одговориле со не знам , додека 16 % дека НВО не се под влијание.
На прашањето Која партија е најактивна во твојот град/село, за ВМРО-ДПМНЕ одговориле 53 отсто, додека за СДСМ само 6 отсто. Дури 25 отсто од испитаниците одговориле дека главен извор на вести име интернетот, 18 отсто телевизијата, радиото 10 отсто, весници 16 отсто, а 21 отсто дека главен извор на вести им се семејството и пријателите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа