Србите во Хрватска ќе бараат помош од ЕУ непочитување на кириличното писмо

Со последните демолирања на таблите на кирилично писмо во Вуковар дојде до еден вид историско-цивилизациски судир.

Меѓудругото добија и димензија на нетрпеливост кон словенската писменост и кон Србите и Србија, изјавил претседателот на Српскиот народен совет (СНВ) во Хрватска, Милорад Пуповац.

- Имаме можност поради непочитување на Уставниот закон за правата на националните малцинства да им се обратиме на ОБСЕ, Советот на Европа и Европскиот парламент, истакнал Пуповац.

Една од несистематските мерки, според него е како институција на српската заедница од дефанзива да се премине во активно дејствување, со што кириличното писмо во Хрватска ќе биде претставено на поинаков начин од оној што во изминатата една година го претставуваат Штабот за одбрана на Вуковар, црквата и политичките партии.

- Во последните година-две кирилицата се стигматизира, а со тоа се обезвреднуваат и соседните држави кои ја употребуваат како писмо, но и целокупното цивилизациско и културно наследство. Освен тоа се врши притисок врз српската заедница и тоа го отежнува остварувањето на другите права - на образование, како и на слободно чувство за етничка и национална припадност, нагласил Пуповац.

Тој очекува Хрватска кон ова прашање да пристапи согласно Договорот за малцински права и согласно европските документи и обврски, кои произлегуваат од хрватско-европскиот пристапен договор

25.09.2014 - 09:36


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега