Робијашите се пресметаа со убиецот на Тијана

Драган Ѓуриќ осомничен дека ја силувал и убил 15-годишната Тијана Јуриќ од Суботица, е нападнат во окружниот затвор во ова место.

Според весникот “Наше новине“ по психијатриското вештачење Драган Ѓуриќ е вратен во затворот во Суботица, каде се случи инцидентот кога еден од затворениците го препознал и му се втурнал.

-Се се случи за секунда, додека Ѓуриќ одеше по ходиникот кон својата соба во која е сам цел ден, но еден од затворениците го препозна и му зададе неколку удари. Натамошниот инцидент и потешки повреди се спречени со брзата реакција на стражарите, кои ги раздвоеиле. Тој додава дека Ѓуриќ не го испровоцирал овој судир, зошто се однесува исто како и првиот ден кога е уапсен.

Неговиот адвокат не даде изјава за инцидентот во затворот во Суботица.

24.09.2014 - 20:54


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега