Му прекипе - ќе ги тужи волците затоа што му го јадат стадото

Незадоволен од државната бирократија која не му дава да ги убива волковите кои му ги убиваат кравите, словенскиот сточар Јури Зидар размислува случајот да го предаде на Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

„Изгубив секаква надеж дека ќе ме заштити државата, затоа размислувам волците да ги тужам на европскиот суд“, вели Зидар, од околината Рибница во централна Словенија. 

Тој одгледува 20 крави на 18 хектари планинско пасиште. Иаки стадото е заградено со жица по низок напон, волците ова лето му усмртиле четири крави и две телиња, а државата одбива да плати оштета. 

Волците во Словенија се заштитени како загрозен вид уште од 1970 година, а дозволата за нивно ловење е овозможена само во специфични случаи, доколку тоа го допушти министерството за земјоделие. 

 

24.09.2014 - 14:53


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега