ФОТО: Ликот на убиената Тијана оживеа на ѕид
Белградскиот уметник Андреј Јосифовски денеска ќе го заврши отсликувањето на муралот на трагично настраданата Тијана Јуриќ на една од станбените згради во Суботица.
-Идејата потекна од другарите на Тијана, кои се иницијатори да се направи ова како и од нејзиниот татко кој ме повика да дојдам и да го направам. Ми беше голема чест да го насликам овој мурал, вели Јосифовски.
Муралот е направен врз основа на омилената фотографија на Тијана.
-Ми рекоа дека ова и е омилена фотографија од матура, и решив токму таа да ја овековечам, вели 24-годишниот Јосифовски, инженер архитект од Белград.
За потсетување, Србија беше потресена од грзоморното убиство и бараше да се врати укинатата смртна казна .
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа