ФОТО: Автобус удри во бандера - осум патници во болница

Осум лица се повредени откако градски автубус со број 50 удри во бандера на аголот меѓу улиците „Браќа Јерковиќ“ и „Воислав Илиќ“ во Белград.

 

Според информациите од брзата помош, една жена е потешко повредена, а останатите седум поминале со полесни повреди.

Инцидентот се случил околу 8:30 часот утрово и станува збор за автобус на приватните превозници.

Според изјавите на возачот, до несреќата дошло отако тој се обидел да го избегне автобусот со број 18 кој се движел кон нив, свртел десно и удрил во бандерата покрај патот.

Фото: РТС.рс

24.09.2014 - 09:48


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега