Ферари 458 повлечен од пазарот

 

Американската агенција за безбедност на патиштата побара повлекување на Ферари 458 од пазарот.

Како причина за повлекувањето се наведува дека луѓето не можат да излезат од багажникот.

- Во случај лицето да е затворено во багажник, а одвнатре не се отвора капак, доаѓа до зголемен ризик од повреди или можна смрт, пишува во барањето за повлекување засновано врз Федералните стандарди за безбедност на возилата број 401, кој од произведувачот бараат вградување „внатрешен механизам за отворање на багажникот“.

23.09.2014 - 18:47


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега